Фановите и фудбалерите а Бенфика не можеа да ги сокријат солзите по вчерашниот шок пораз од Челзи во финалето од Европа лигата.
Тимот од Лисабон на Амстердам Арената го изгуби трофејот, откако дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ погоди во 93-та минута од натпреварот и за кратко „сините“ од Лондон ги обединија двете титули. Таа во Лигата на шампиони и сега во Европа лигата.
Во саботата Бенфика изгуби од ривалот во португалското првенство, Порто со гол во 91-та минута од натпреварот, а со тоа и првото место на табелата во домашното превснство.
Фернандо Торес го отвори резултатот во 59-та минута, Кардозо израмни на 1-1 од пенал во 68-та минута, а Бранислав Ивановиќ ги постигна конечните 2-1 за Челзи во 93-та минута.