Претседателот на Јуве со јасна порака по црвениот картон на Роналдо

Торино, 21 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ја демонстрираше својата поддршка кон Кристијано Роналдо по црвениот картон на Португалецот во дуелот со Валенсија во Лигата на шампионите.

„Еден за сите, сите за еден“, напиша шефот на „бјанконерите“ на Твитер.

Протерувањето на петкратниот победник на „Златната топка“ предизвика бура од емоции низ фудбалскиот свет. Роналдо доби директен црвен картон поради удар без топка против дефанзивецот на Валенсија, Муриљо во 29-та минута од деби натпреварот во Лигата на шампионите со тимот на Јуве.

Кристијано се очекува да биде казнет со еден меч и да го пропушти дуелот со Јанг Бојс. Сепак, официјалната одлука на УЕФА ќе стане јасна на 27 септември.

Се уште постои можност Португалецот да добие казна за повеќе од еден натпревар, што ќе го лиши од можноста да се врати на „Олд Трафорд“ за натпреварот со неговиот поранешен тим на Манчестер Јунајтед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...