Анчелоти задоволен од резултатот, Гвардиола од играта

Тренерите на Реал Мадрид и на Баерн Минхен, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола изразија задоволство по синоќешниот дуел на нивните екипи во полуфиналето од Лигата на шампионите кој го доби шпанскиот претставник со 1:0.

Италијанскиот стручњак рече дека е пресреќен поради победата над европскиот првак.

- Одигравме тежок натпревар и успеавме да го добиеме, а јас сум среќен поради тоа. Во поголемиот дел од мечот се браневме, ама направивме и посериозни шанси за гол. Како клучен фактор за нашата победа се покажа соработката меѓу играчите. Сите си помагаа, оние од нападот им помагаа на тие од средината, играчите за врска помагаа во одбраната, а кога напаѓавме дури и „стоперите“ беа пред противничкиот гол, рече Анчелоти.

За разлика од него кој искажа задоволство од резултатот, противничкиот тренер Гвардиола е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

- Горд сум на своите играчи ко покажаа доминација над еден од најдобрите тимови на светот. Ние ја контролиравме играта, Реал чекаше контра напади и од една таква ситуација го постигна победоносниот гол. Се надевам дека на реваншот на нашиот стадион ќе ја надополниме негативата, изјави предводникот на Баерн.

Реваншот е закажан за 29 април во Минхен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек со куче во кафич, седнува на шанк и порачува две чаши виски. Му ги дава шанкерот чашите и овие двајцата ги испиваат. Некоја девојка во кафичот зачудена се приближува...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
1509.- Англискиот крал Хенри Осми се ожени со...
1727.- Умре британскиот владател од германско...
1859.- Умре австрискиот кнез Клеменс Метерних,...
1864.- Роден е германскиот композитор и диригент...