Баерн и Реал контра историјата по финале

Победата на Реал Мадрид од 1:0 на првиот меч против Баерн Минхен не гарантира место во финалето ниту за шпанскиот ниту за германскиот претставник во Лигата на шампионите. Историјата вели дека по ваков резултат тимовите никогаш не успеале да се пласираат во следната рунда, па денеска гледаат шанса, конечно, да го уништат малерот и да се најдат во следното коло.



ПЕП ИМА СТРАТЕГИЈА ЗА УСПЕХ

Шансите се 50-50 и понатаму, а сето може да се смени набрзина доколку Реал Мадрид успее рано во средбата да постигне гол. Сепак, неколкуте дена за подготовки беа искористени на најдобар можен начин и денеска треба да се види кој тренер успеал да најде подобро решение за пласман во финалето.

„Сите ја знаат тежината на задачата која претстои против Реал Мадрид. Нашата цел е да играме во Лисабон на 24 мај, па затоа мораме да постигнеме два или три гола. Ќе биде навистина тешко, но момците се подготвени за она што претстои. Добро е и тоа што Рибери ја враќа формата. Сепак, на дуелот кој ќе се одигра денеска потребно е колективот да биде на највисокото можно ниво. Во однос на првиот натпревар мораме да бидеме многу пограсивни. Ни треба повеќе од еден гол, па затоа мораме да бидеме упорни и да се обидеме да сториме сè што можеме да ја имаме контролата на играта во текот на сите 90 минути. Оној што ќе има поголема желба и повеќе мотив за надигрување ќе успее да го оствари сонот и да дојде до место во Лисабон. Разликата е минимална“, изјавува пред мечот, Жозеп Гвардиола.



РОБЕН Е УБЕДЕН ВО ПОБЕДА

Тренерот кој додека беше во Барселона имаше одлични резултати против Реал Мадрид, сега треба да го потврди истото и како стратег на Баерн Минхен. Има сосема поинакви фудбалери, но тие ветуваат дека ќе се борат со сите сили за да дојдат до можност да играат во финалето. Дури и најавуваат вистински пекол за противникот на „Алијанц арената“.

„Мораме да бидеме внимателни бидејќи Реал Мадрид ќе дојде во Минхен за да нè нападне со контри. Сепак, ние не стравуваме. И нашиот противник знае добро дека ништо не е завршено и дека има уште многу да се игра на овој двобој. Денеска ќе се решат сите работи, па затоа мораме да бидеме подготвени да го дадеме максимумот. Можам да ветам дека ќе се бориме со сите сили за да дојдеме до победата. Јас сум убеден дека ќе играме во Лисабон на 24 мај“, вели Ариен Робен.



РАМОС СОНУВА ЗА ТИТУЛАТА

Фудбалерот кој денеска ќе стартува во мечот со најголеми мотиви е Серхио Рамос. Тој е еден од ретките играчи што успеале да ги освојат сите други пехари освен оној од Лигата на шампионите. Реал последен пат победи во 2002 година, а Рамос тогаш беше во младинскиот тим на Севиља.

„Работите се одвиваат добро и јас очекувам да имаме нова добра средба. Во финалето ќе се пласира тимот кој ќе направи помалку грешки. Очекувам да бидеме подобри од првата средба иако сум свесен дека ќе биде многу тешко. Ако сè оди така како што ќе испланираме тогаш ова може да очекуваме позитивни вести. Играме против еден од најдобрите тимови во светот. Ние имаме квалитетни играчи, но тоа не е доволно на вакви средби. Тогаш треба да покажеме голема борба. Се надевам дека сезонава ќе успеам да го освојам пехарот кој ми недостига. Имам освоено сè друго, но никогаш не сум успеал да се изборам за триумф и во Лигата на шампионите“, вели Рамос.



КАРЛО Е АДУТОТ ЗА УСПЕХ НА РЕАЛ

Доверба плус на фудбалерите им влева и искуството кое со себеси го носи тренерот Карло Анчелоти. Тој има титули во Лигата на шампионите, а досега неколкупати има покажано дека знае како да го совлада Баерн Минхен. Во кариерата нема пораз од овој тим, а тоа е сосема спротивно од резултатите на Реал. „Кралевите“ немаат победа во Минхен, па затоа денеска предизвикот ќе биде на многу високо ниво.

„Како што привршува сезоната така играчите покажуваат сè подобра игра. Имаме многу офанзивни фудбалери со висок квалитет и дефинитивно се стремиме кон тоа да дојдеме до што е можно подобри резултати. Денеска ќе играме во нашиот стандарден систем со кој можеме да имаме повеќе опции за да ги искористиме сите фудбалери. Ќе комбинираме и навистина не знам кој ќе добие шанса. Размислувам меѓу Ди Марија и Иско, а пред мечот ќе одлучам кој ќе стартува. Извлековме голема поука од натпреварот кој го одигравме против Борусија Дортмунд како гости и сигурно нема да го повториме истото денеска. Ќе бидеме далеку поконцентрирани и повнимателни и дефинитивно ќе се бориме за да дојдеме до уште една победа“, изјавува Анчелоти.

Со оглед на тоа дека на првата средба беше постигнат само еден гол сосема извесно е дека денеска се очекуваат повеќе голови. Ќе биде тешко, но мотивот дефинитивно е голем и на двете страни, па тоа значи дека денеска ќе може да се следи интересен фудбал.



Минута молчење за Виланова и Бошков

Средбите кои ќе се одиграат денеска и утре во Минхен и во Лондон ќе стартуваат со едноминутно молчење во чест на Тито Виланова и Вујадин Бошков. Поранешниот тренер на Барселона почина во петокот на 45 години, додека Бошков замина од овој свет во неделата на 82-годишна возраст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...