Кими си оди: Ферари тргна по тинејџерската сензација?

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, се обиде да ги намали последните шпекулации околу тинејџерската Ф1 сензација Макс Ферстапен, кои велат дека Холанѓанецот заминува во Маранело во 2017 година на местото на Кими Раиконен, кој сепак, би добил шанса да ја вози сезоната 2016.

Марко, кој исто така е предводник на успешната младинска програма на Ред Бул, веќе ги демантираше шпекулациите за 17-годишниот Ферстапен, велејќи дека тој има сигурен договор со Ред Бул. Досега се веруваше дека Валтери Ботас од Вилијамс е најсигурен за местото на Кими Раиконен, но сега се тврди дека Финецот има подобри шанси да добие продолжение на договорот откако ја подобри формата во последните трки.

Герхард Бергер, човек близок до тимот на Ред Бул се согласува.

„Тешко е да се процени ситуацијата во Ферари. Сигурно е дека Себастијан Фетел е чекор понапред. Но, Кими има свои адути, најмногу што воопшто не сака ментални игри и сака да ја врши својата работа најдобро што може. Заедно се многу добра возачка комбинација. Ферари треба да направат одлука дали ќе го задржат, но не е тајна дека наскоро ќе мораат да донесат некој помлад. Можеби времето за тоа не е сега“, вели Австриецот, кој во кариерата возеше за Мекларен и Ферари.

Самиот Марко не верува во шпекулациите дека Ферстапен е во игра за место во Ферари.

„Тоа е навистина интересно. Многу работи можат да се прочитаат. Јас сум сигурен дека Макс има долгогодишен договор со Ред Бул, кој исто така ја вклучува и таа 2017 година“, вели Марко.

Во одбрана на Раиконен застана и поранешниот светски шампион, Американецот Марио Андрети, коој во кариерата возеше и за Ферари. Тој смета дека атмосферата во италијанскиот тим ќе биде подобрена со потврдата за останување на Финецот.

„Искрено, тоа се двајца добри колеги и можеби е подобро за Себастијан да нема трн до себе. Затоа се надевам на ист тим следната година. Кога колегите добро се сложуваат тоа е позитивно за тимот и за сите. Двајцата се уште се големи натпреварувачи, но барем се согласуваат. Себастијан ми се допаѓа навистина многу и неговите резултати кажуваат добро за што е тој способен. Тој има што да докаже во Ферари и ако му дадат шанса повторно ќе биде шампион“, вели Андрети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...