СÈ ПОБЛИСКУ ДО ФАБРИЧКИ ФРАНЦУСКИ ТИМ

Рено ќе го преземат Лотус во Абу Даби?

Рено ќе го објави кам-бекот во Формула 1 како фабрички тим на последната трка од сезоната, Абу Даби ГП следниот месец, објавија повеќе извори. Прв веста ја објави Михаел Шмид, респектираниот соработник на германскиот магазин „Ауто мотор унд спорт“.



Иако Ф1 шефот, Берни Еклстоун, предупреди дека за договорот може да се чека до декември, сега се верува дека договорот е веќе вклучен и дека Рено веќе потпишуваат долгогодишни договори со членовите на тимот, додека долговите на Лотус се веќе исплатени.

„Работиме напорно и ќе имаме силни и позитивни вести наскоро“, изјави заменикот-шеф на Лотус, Федерико Гасталди.

Бидејќи главниот тркачки инженер Ајао Комацу веќе реши да му се приклучи на Роман Грожан во тимот на Хас следната година, постоеја стравувања за „егзодус“ на техничкиот тим, но Гасталди вели дека првпат не е загрижен за неизвесноста на иднината.

„Ако некој член на тимот сака да си замине, тоа е нивна работа. Секако, ќе ни недостигаат бидејќи ние сме тим, но тоа е Ф1. Ако дојдам во боксот и понудам повеќе пари, секако дека ќе размислите. Тоа е нормално“, вели Гасталди.

Илиен: „Уште нема договор со Ред Бул“

Марко Илиен, еден од најспособните инженери за Ф1 мотори во историјата, се обиде да ја демантира веста дека Ред Бул се договориле со Рено да добијат „Д“ спецификација на моторите за следната година, кои подоцна би ги унапредувал токму Илиен и неговата компанија „Илмор“.

„Не знам ништо за тоа и не знам кои подобрувања Рено ќе ги стави на последната трка. Не верувам дека голема компанија како Рено тајно ќе ги инсталира моите планови“, изјави Илиен.

ХРАБРИ ПРЕДВИДУВАЊА НА АМЕРИКАНСКИОТ ТИМ



Хас: „Ќе имаме подобра шасија од Ферари“

Џин Хас вели дека нема проблем неговиот тим да го нарекуваат „Б-тим“ на Ферари и предвидува дека тие ќе имаат подобра шасија од Скудерија во 2016. Хас Ф1 се приклучува на Ф1 следната година со мотор на Ферари и многу делови од италијанскиот тим, додека на развојот на шасијата ќе работат со уште едина италијанска компанија, Далара.

„Моторот, менувачот и суспензијата ќе дојдат од Ферари, но останува уште многу да се заврши во тимот. Ќе имаме сопствена компјутерска анализа, а работиме со Далара на анализата на шасијата која ние ќе ја градиме. Имаме умни луѓе кои работат во Канаполис и мислам дека ќе имаме целосно поинаква шасија од Ферари. На некој начин таа ќе биде подобра од Ферари, бидејќи користиме поинаков пристап. Тие ќе бидат поконвенционални како во последните неколку години“, вели Хас.

Покрај Роман Грожан во тимот на Хас беше потврден и мексиканскиот возач Естебан Гутиерез, кој оваа година е тест-возач на Скудерија.

Ф1 ШЕФОТ НЕ ГО КРИЕ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ


Берни: „Розберг можеше да биде подобар“

Берни Еклстоун вели дека Нико Розберг требаше да пружи поголема борба со колегата од Мерцедес, Луис Хамилтон оваа сезона велејќи дека предоцна почнал да ја покажува формата. Розберг победи на Мексиканското ГП, првпат од Австриското ГП во јуни, за негова четврта победа, додека шампионот Хамилтон досега има 10 победи.

„Не е важно што титулата е одлучена рано поради доминацијата на Мерцедес. Верувам дека Нико Розберг можеше да заврши подобра работа оваа година. Видовме во Мексико дека е способен за тоа бидејќи лесно победи, меѓутоа сега е предоцна“, вели Еклстоун.

Доминацијата на Мерцедес последните две сезони не влијае добро на фановите, но Еклстоун додава дека во Ф1 секогаш го имало тоа, меѓутоа борбата меѓу колегите била важна за фановите.

„Во 1980-тите, Мекларен на пример беа апсолутно доминантни, но тогаш ги имавме Аиртон Сена и Алан Прост, двајца возачи кои се бореа еднакво“, додава Еклстоун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...