Аост на Мерцедес е во најдобрите години во кариерата

Таткото на трикратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон, Ентони, мисли дека неговиот син ќе доминира во спортот во следните 10 години откако во 2015 ја освои титулата на три трки пред крајот. Луис наполни 31 година во јануари, а минатата година изјави дека би останал во спортот до 37 години, меѓутоа постариот Хамилтон имаше уште полоша прогноза за ривалите.

„Тој ќе станува подобар и подобар. Мислам дека ќе биде уште посилен оваа година. Има седум до десет години во спортот, а се работи за многу конкурентен човек. Тој е млад и нема причина зошто не би продолжил да биде во оваа форма“, изјави постариот Хамилтон во интервју за „Скај“.

Според многумина, на Хамилтон му недостасува фокус во Формула 1 бидејќи во 2015 се фокусираше и на музичката индустрија (сними соло-албум кој би требало да се појави во 2016), а на насловните страници на таблоидите беа присутни неговите навидум бескрајни забави со славните луѓе во Њујорк, Париз, на Барбадос...

Ентони Хамилтон, кој е најзаслужниот за кариерата на својот син и му беше менаџер на стартот на кариерата, не гледа можност Луис да се засити од Ф1 и да се пензионира предвреме.

„Никогаш не вели никогаш, но не верувам во такво сценарио. Луис има натпреварувачки дух, го сака тркањето и најмногу од сè сака да победува. Сè додека го има тој дух ќе остане во Ф1. Мислам дека седум години се минималниот период за него. Знам дека ова е лош вест за сите“, додава Ентони Хамилтон.

По две години во доминатниот болид на Мерцедес, таткото Хамилтон смета дека неговиот син би сакал навистина да се намали разликата до ривалите за тој да може да има поголем предизвик.

„Кога сите би имале идентични болиди би било совршено. Луис не сака да избега во секоја трка бидејќи другите болиди не се доволно добри. Тој би сакал да се на еднакво ниво за да ги победи така. Да, нема дамка на неговите победи бидејќи е во најдобриот тим и ја завршува најдобро работата, но верувам дека би сакал да има конкуренција“, завршува Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...