Ф1 фановите можат да здивнат, Монца останува

Историската патека во Монца ќе остане на Формула 1 календарот откако беше склучен нов договор со Берни Еклстоун, открија италијанските официјални лица.

Патеката во близината на Милано е на календарот од 1950 година и само еднаш не беше домаќин на Италијанското ГП (кога таа чест ја имаше Монца), но договорот по 2016 година беше несигурен поради преговорите со Еклстоун.

Сега, Роберто Марони, претседателот на регионот Ломбардија, вели дека има договор пред неделната трка во Монца.

„ГП трката останува во Монца. Има уште неколку дена до потпишување на договорот и јас сум задоволен“, изјави Марони.

Пред овој, според медиумите тригодишен договор, постоеше сериозна шанса Италијанското ГП да се пресели во Имола или воопшто да го нема на календарот.

„Адвокатите ќе ги разменат последните забелешки во Лондон, по што очекувам договорот да биде потпишан во текот на викендот. Благодарност до премиерот Матео Ренци, кој беше клучен човек во преговорите со Еклстоун“, вели претседателот на Автомобилскиот клуб на Италија, Анџело Стики Дамјани.

ХАМИЛТОН: „НЕВОЗМОЖНО Е ДА НЕ ЈА САКАШ МОНЦА“

Монца е една од омилените патеки на Ф1 возачите, и дефинитивно на светскиот шампион Луис Хамилтон.

„Сега сме во Монца, патека која ја знам многу добро од сите тркачки категории во мојата кариера и патека која е невозможно да не ја сакаш. Брзината, историјата, атмосферата. Сè е навистина посебно. Да се стои на тој неверојатен подиум, пред морето фанови, е едно од најневеројатните искуства за еден спортист“, вели Хамилтон.

Со него се согласува и возачот на Мекларен-Хонда, Џенсон Батон, кој вели дека не постои место каде што има атмосфера како на оваа патека.

„Ми се допаѓа помислата да дојдеш на патека која е толку различна од сите други. Го видовме тоа во Спа минатиот викенд, и сега одиме во Монца“, вели Батон.

Светскиот шампион од 2009 година гледа на Монца на патека со повеќе од рамни делови и кривини.

„Луѓето мислат дека Монца е само за брзината со малите тесни кривини, но тоа не е вистина. Кривините како Лесмос, Аскари шиканата и Параболика се големи и брзи кривини на кои треба да имаш прецизност и посветеност. Патеката е фантастична. Кога си таму не можеш да ја игнорираш историјата на таа патека. Исто така ја сакам и комбинацијата на италијанската страст и хаосот кој го опкружува викендот“, вели Англичанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...