На Ферари им недостасува Алонсо?

По тешката втора половина на сезоната 2016, Ферари и Себастијан Фетел продолжуваат да бидат „мета“ на италијанскиот печат. Пино Алеви, еден од најпознатите италијански Ф1 новинари, не гледаше кон денешниот тим на Ферари, туку кон минатото во оценката на Американското ГП.

„Таму го видовме најдоброто од Фернандо Алонсо, иако со ограничен болид во Мекларен. Има многу луѓе во Маранело кои се уште жалат за неговото заминување“, изјави Алеви во интервју за „Газета дело спорт“.

Тој немаше многу добра оценка за наследникот на Алонсо, Фетел.

„Неговите перформанси не се лоши, но се уште се многу далеку од врвот со болид кој веќе не е гарантиран за во иднината. Раиконен беше веднаш зад него до моментот додека не беше приморан да се откаже. Имаа различни стратегии, но ова беше нова убедлива трка за Финецот“, додава Алеви.

„Кориере дело спорт“ пак трката во Америка ја нарече „Црвена катастрофа“, посочувајќи дека „светлото на тунелот изгледа многу далеку“.

Шефот на тимот, Маурицио Аривабене, кон кого исто така се насочени голем број на критики, вели дека тимот не се откажува.

„Ситуацијата е тешка, но ние сме силни. Тоа што се случува, посебно со работите кои не се во наша контрола би поставил притисок на секого“, изјави Аривабене.

Од друга страна и покрај оваа декларирана „катастрофа“, Фетел се уште е насмеан.

„Зошто да не сум? Лошото расположение не те прави подобар. Не можеме да бидеме задоволни, но учиме работи за следната сезона. Не заборавајте имаме долгорочен проект. И не се бориме со Паја Патак и Мики Маус, туку со многу подготвени противници. Патот е тежок и нерамен, но сигурен сум дека ќе дојде денот кога ќе сме на врвот“, вели Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...