Раиконен: „Нико целосно ја заслужува титулата“

Возачот на Ферари, Кими Раиконен вели дека не разбира зошто некој би сметал дека Нико Розберг не ја заслужи својата светска титула оваа година, иако имаше девет победи во споредба со десетте на неговиот клупски колега Луис Хамилтон.

Самиот Хамилтон по завршувањето на трката сакаше да фрли „сенка“ на успехот на Розберг, велејќи дека тој имал многу среќа со постојаноста на болидот, додека Англичанецот имал многу откажувања. Но, Раиконен, кој ја освои титулата во директна борба со Хамилтон во 2007 година, вели дека титулата на Розберг е „апсолутно чиста“.

„Тој освои повеќе поени и не сфаќам зошто некој би кажал дека не ја заслужува титулата? Двајцата го имаа истиот болид и на крајот тој беше напред. Тоа е фер-плеј. Беше подобар цела година и затоа е шампион“, вели Раиконен.

Со него се согласува и колегата Себастијан Фетел.

„Не се освојува светска титула со среќа. Тој ја заслужи титулата бидејќи собираш поени во текот на целата сезона. Понекогаш имаш среќа, понекогаш немаш, но тоа е овој спорт. Ова е моментот на Нико и затоа треба да му се даде“, вели Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...