Макс им покажа на шампионите какво треба да биде тркањето

Хелмут Марко, менаџерот на возачи на Ред Бул и советник на сопственикот Дитрих Матешиц, направи храбар потег во мај оваа година кога реши да го постави Русинот Данил Квјат во јуниорскиот тим и во главниот тим на австрискиот производител на енергетски пијалоци од Шпанското ГП да го постави тинејџерот Макс Ферстапен.

Младиот Холанѓанец прво сензационално ја освои првата трка како возач на Ред Бул во Барселона, по што беше на насловните страници речиси во секоја трка и несомнено беше откритието на сезоната. Неговото пристигнување на големата сцена донесе нова димензија на спортот со „уривање“ на стариот поредок на етаблираните возачи. Марко може да е горд.

„Тој носи комплетно нов приод на естаблишментот. Им покажува повторно какво треба да биде тркањето, какво беше во минатото. Се сеќавам кога се тркаа луѓе како Сена и Шумахер, возачи кои имаа поинаков приод и тоа беше шок за ривалите. И тие двајца беа многу критикувани. Сега имаме млад, гладен и секси возач со одличен приод и без респект за поранешните шампиони. Тој многупати покажа дека е светлосни години од обичниот Формула 1 возач со победа во првата трка. Да, тогаш двајцата возачи на Мерцедес се исфрлија, но во Бразил тој покажа дека е натпросечен возач“, изјави Марко во интервју за официјалната Ф1 веб-страница.

Австриецот се потсети на моментите кога првпат го запознал синот на поранешниот Ф1 возач, Јос Ферстапен.

„Кога јас го видов, тој имаше 15 години, но беше зрел како човек на 26 години со неверојатна самодоверба. Оттогаш поминаа три години и тој сензационалн научи многу повеќе. Тој е човек кој не греши двапати. Подготвен е за борба за титулата. Нема потреба за нови подготовки - тој знае да победува во Ф1“, додава Марко.

Дали момчето има некаква слабост?

„Мислам дека нема слабости освен фактот што понекогаш не е доволно трпелив. Понекогаш се обидува да исфорсира ситуации кога се што треба да направи е да почека и да му дојде во раце. Но, мислам дека и ова ќе се смени“, завршува Австриецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...