Маса се враќа од пензија

Фелипе Маса ја прифатил понудата да остане во Формула 1 и следната година со тимот на Вилијамс, со што се исполнети сите предуслови Валтери Ботас да го замени пензионираниот шампион Нико Розберг во тимот на Мерцедес.



Иако финалните договори не се потпишани, „Аутоспорт“ потврдува дека Маса реши да продолжи уште една година, но само доколку Ботас навистина замине во Мерцедес.

Мерцедес најавија дека Ботас им е првата цел по шокантното пензионирање на Розберг, но Вилијамс ја отфрли првата понуда во која имаше и „попуст“ од 10 милиони евра за моторите кои англискиот тим ги добива од Мерцедес, како и јуниорскиот возач на германската компанија, Паскал Верлајн.

Вилијамс не сакаат ваква опција бидејќи Верлајн, кој има една сезона во Ф1 со тимот на Мејнор, би бил партнер со канадскиот дебитант, тинејџерот Ленс Строл во сезона во која има серија големи промени на правилата.

Мерцедес официјално ќе потврдат кој е замената за Розберг на почетокот на новата година, а не-извршниот директор Ники Лауда призна дека ситуациајта е „многу тешка“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...