Дали „Либерти“ можат да го направи тоа што не успеа Еклстоун

Новите сопственици во Формула 1, „Либерти медија“ јавно изјавија дека сакаат да го намалат огромниот дефицит во приход меѓу најдобрите тимови и тие од средината, но останува нејасно како ќе го направат тоа.



Шефот на Ф1 Групацијата, Чејс Кери, ја спореди ситуацијата со американските професионални спортски лиги, додека претседателот на Либерти, Грег Мафеи, неодамна изјави дека „сите разбираат“ дека се потребни промени.

„Во ничиј интерес е да имаме неконкурентно, неинтересно спортско натпреварување“, изјави Мафеи.

Сопственикот на Форс Индија, Виџај Малја, за „Аутоспорт“ изјави дека Кери направил споредба со американската безбол лига.

„Тој го користеше примерот на Њујорк Јенкис, кои имаат богати сопственици кои би можеле да потрошат неограничени суми за да победуваат постојано. Но, лигата не го дозволува тоа“, вели Виџај Малја.



Ферари, Ред Бул, Мекларен, Мерцедес, Вилијамс и Рено во моментов добиваат различни дополнителни средства покрај парите кои се добиваат според пласманот во шампионатот, под договорот со Берни Еклстоун. По ова Форс Индија и Заубер заедно поднесоа тужба до Европската комисија, која најави дека ќе донесе одлука за ситуацијата.

Либерти сака исто така да ги намали трошоците во спортот, ако е можно со ограничување на буџетот, бидејќи со помалку трошоци ќе има повеќе пари за тимовите. Рос Браун е задолжен да види дали е можно големите тимови да се согласат на вакво ограничување. Малја вели дека идеите се одлични.

„Сè што кажа Чејс Кери беше музика за моите уши. Американците разбираат како да го промовираат спортот и знаат колку е потребна стабилноста. Тие се сопственици и на безбол-тимот Атланта Брејвс и знаат што значат тимовите за кој било спорт. Ова е сосема поинаков приод од тој на Берни“, вели Малја.

Не е јасно како на овие идеи ќе реагираат големите тимови како Ферари, кои наводно добиваат над 100 милиони долари годишно бонус за својата „историска улога“ во Формула 1 бидејќи во минатото несогласувањата носеа закани за формирање паралелни шампионати. Ферари неодамна првично ја одби понудата на „Либерти медија“ да откупат дел од акциите во спортот, велејќи дека сè уште не е време за тоа.



Исто така треба да се види мислењето на големите производители на автомобили вклучени во спортот, како Мерцедес и Рено, кои исто така вложуваат десетици милиони долари во развој на моторите за Формула 1.

Шефицата на Заубер, Мониша Калтенборн вели дека ова се „јасни пораки“ од новите сопственици.

„Тие сакаат да ги поддржат помалите тимови, а приватните тимови се ’срцето’ на Формула 1. Тоа е охрабрувачки. Ограничување на трошоците, ограничен буџет, како сакате наречете го е во иднината. Тие ги разгледуваат опциите за моторот и сакаат да ја направат ситуацијата прифатлива за сите. Со Рос Браун имаме човек кој ги знае сите различни перспективи - големи тимови, мали тимови, тимови со финансиски проблеми... Тоа помага бидејќи знае што може да се направи и како да се дојде до компромис“, вели Калтенборн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...