Фетел победи во Бахреин

Бахреин, 16 април 2017 (МИА) – Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, беше најбрз на денешната трка од шампионатот во Формула 1 што е втора победа за него во новата сезона.

Германецот триумфираше на трката за Големата награда на Бахреин, со време 1:33:53.374 часа, пред двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон кој беше втор со 6.660 секунди заостанување зад победникот и Валтери Ботас кој заврши на третата позиција со 20.397 секунди побавно време од Фетел.

Четврто место му припадна на Кими Раиконен (Ферари), петти беше Даниел Рикардо (Ред Бул), шести Фелипе Маса (Вилијамс).

Бодови освоија и седмо пласираниот Серхио Перез (Форс Индија), Роман Грожан (Хас) кој трката ја завшри на осмата позиција, деветтиот Нико Хулкенберг (Рено Спорт) и Естебан Окон (Форс Индија) со пласманот на 10.место.

Во Генералниот пласман води Фетел со 68 бода, Хамилтон има а 61 поени и Ботас 38.

Во конкуренција на конструктори прв е Ферари со 102 бода, пред Мерцедес со 99 и Ред Бул со 47 поени.

Следната трка е закажана за 30 април кога се вози трката за Големата награда на Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...