Маркез е „шефот“ на Америка

Марк Маркез триумфираше на Американското ГП во Остин петти пат едноподруго, враќајќи се во борбата за титулата, откако победникот на првите две трки од Мото ГП сезоната, Маверик Вињалес заврши во прашината со својата Јамаха.

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Маркез покажа зошто патеката во Остин му е неговата омилена, откако ја доби битката со својот колега од Хонда, Дани Педроза, и потоа без проблем стигна до целта. Второто место го освои новиот лидер во генерален пласман, Валентино Роси, кој и покрај казната од 0.3 секунди за непрописно влегување во кривина, го остави зад себе Педроза.

„Можеби изгледаше лесно, но воопшто не беше така. На почетокот имав проблеми со гумите, но потоа го најдов ритамот. По Аргентина ситуацијата во генерален пласман изгледаше лошо, но сега се е поинаку“, вели Маркез.

За Маркез ова е дури деветта победа во САД (пет во Остин, три во Индијанаполис и една во Лагуна Сека), и доаѓа по лошиот старт на сезоната. Роси пак, е новиот лидер во генерален пласман со шест поени предност пред Вињалес, кој не успеа да стигне до три победи во првите три трки од годината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...