Алонсо мора да остане во Хонда, вели Лауда

Трикратниот светски шампион, а сегашен не-извршен директор на Мерцедес, Ники Лауда вели дека шансите на Фернандо Алонсо да се врати на врвот во 2018 година се многу мали. Шпанецот дефинитивно е разочаран од ситуацијата во Мекларен-Хонда, и ќе направи обид да победи на Индијанаполис 500 овој месец, и Лауда признава дека сфаќа зошто тој се обидува да вози на американската патека.

„На Алонсо му е досадно и му треба предизвик. Како возач, го сфаќам тоа, но Мекларен мораа да направат тешка одлука и да му дозволат да не настапи на Монако ГП, една од најважните трки за секој тим. Добро е за него бидејќи ќе може да ужива во работите кои ги прави, но не сум сигурен дека ќе може да оди на победа“, вели Лауда.

Самиот Алонсо најави дека во 2018 година може да не биде со тимот на Мекларен-Хонда бидејќи не може да чека „засекогаш“ за подобар болид, по што се појавија шпекулации дека е можен кам-бек во Рено, но и во силните тимови на Ферари и Мерцедес. Лауда се сомнева дека најсилните тимови, Ферари и Мерцедес, би го пречекале со отворени раце 35-годишниот Шпанец.

„Тој остави многу проблеми во тимовите од кои си замина. Не верувам дека Ферари ќе сакаат да го имаат повторно во тимот, бидејќи си замина со валиден договор. Истото се случи и со нас, кога бевме Мекларен-Мерцедес. Ние имаме возачи кои ја завршуваат работата, така што ако Хамилтон и Ботас победуваат, не ни треба замена“, додава Лауда.

Австриецот, сепак, повтори дека талентот на Алонсо е несомнен.

„Тој е брз, агресивен, и на некој начин, најдобриот. Но за жал, возачите некогаш не можат да покажат дека се најдобри во одлуките кои ги прават и Алонсо направи многу грешки. Си замина од Ферари многу рано и реши да оди во Мекларен, кога ситуацијата со проблемите на Хонда беше позната. Сега е разочаран, но тоа е негова одлука“, завршува Лауда.

Вториот директор на Мерцедес, Тото Волф, пак не сакаше да ги потврди шпекулациите дека Мерцедес ќе помогнат во развојот на моторите на Хонда, а исто така ја отфрли можноста Мерцедес да им даде мотори на Мекларен оваа сезона или следната.

„Не им е потребен нашиот мотор. Мекларен имаат договор со Хонда, и ако односите се тешки во моментов, тоа не значи крај. Двете компании имаат човечки и финансиски ресурси за да се извлечат од ситуацијата“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...