Ѕвездата на Мекларен, Фернандо Алонсо го покажа болидот со кој ќе се трка на Индијанаполис 500 трката овој месец, кога ќе го пропушти славното Монако ГП. Мекларен и Андрети Аутоспорт го покажаа болидот со кој Алонсо ќе се обиде да стигне до втората титула од големите три во мотоспортот (Монако ГП во Формула 1, Инди 500 и 24 Часа Ле Ман).
Болидот ќе ја има традиционалната боја на Мекларен (папаја), која се врати на болидите оваа година. Мекларен двапати има победи на Инди 500, со Џони Ратерфорд во 1974 и 1976 година, со идентичен портокалов болид. На носот на болидот има цртеж на Киви, како посвета на основачот на тимот, Новозеланѓанецот Брус Мекларен.
Helmet.
A post shared by Fernando Alonso (@fernandoalo_oficial) on