Фетел: „Кими заслужува подобри резултати“

Возачот на Ферари, Кими Раиконен ги нема резултатите кои со перформансите ги заслужува, вели неговиот клупски колега, Себастијан Фетел. Додека Фетел е прв во генерален пласман по четири трки со две победи и две втори места, Раиконен има само еден подиум и веќе заостанува 37 поени.

Раиконен беше четврти во Австралија, петти во Кина со 40 секунди заостанување зад Фетел, по што дури и директорот на Ферари, Серџо Маркионе изјави дека сака да разговара за формата на Финецот. Тој се врати по лошиот старт за да заврши четврти во Бахреин, а во Русија ја имаше најдобрата трка со третото место со 11 секунди заостанување зад Фетел. Германецот вели дека верува дека Раиконен ќе покаже дека е врвен возач во остатокот од сезоната.

„Тој најверојатно ги немаше трките кои ги заслужуваше. Во Бахреин проблем беше стартот и првиот круг, бидејќи сигурно е беше на подиумот. Нема сомнеж дека тој е еден од најталентираните возачи во Формула 1. Ретко кој би можел да оди во рели ВРЦ шампионатот и да има трки како него, па да се врати и да биде супер-брз. Лани јас имав лоша среќа, но оваа година таа го погоди него“, вели Фетел.

Раиконен верува дека работите ќе станат подобри ако Ферари ги подобри „малите детали“ поради малата разлика меѓу најдобрите четири возачи.

„Имав малку груб старт на сезоната. Ситуацијата е далеку од идеална, но во Сочи имав чекор напред, но завршив само како трет. Мораме да бидеме подобри и малите детали ќе одлучуваат дали можеш да се бориш на победа. Четири или пет возачи се многу тесни и малите разлики на крајот стануваат големи“, изјави Финецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...