Стандардни делови за поевтина Ф1

Новиот шеф на Формула 1, Чејс Кери, вели дека спортот може да воведе стандардни делови во обидот да се намалат трошоците за тимовите.

Буџетите на Ф1-тимовите се огромни, како 400 милиони евра на Ферари, но повеќето работат со помали буџети од стотина милиони евра. Барањето да се намалат трошоците не е ново, но, сепак, има многумина кои сметаат дека Формула 1 треба да биде на врвот на технолошкиот напредок, а не да се користат стандардни делови. Кери вели дека деловите би можеле да бидат стандардни без „заглупавување“ на Ф1.

„Има многу патеки да се стигне до целта, како ограничување на буџетот, но можеме и да работиме на клучните компоненти на болидот. Не сакаме стандарден болид, бидејќи ова е спорт кој претставува и натпреварување на технологиите. Сепак, може да се направат стандардни делови“, вели Кери.

Не е познато кои делови би можеле да се стандардизираат во Ф1, иако Рос Браун претходно најави дека има делови „кои не влијаат на шоуто и фановите не ја сфаќаат разликата“, како суспензијата. Кери открива дека разговарал со повеќе тимови за идејата и дека не е целта сите буџети да бидат исти.

„Еден од предизвиците е тоа што има малку тимови кои трошат многу повеќе од другите, и тоа се гледа преку резултатите на патеката. Ако можеме да ги донесеме трошоците на релативно еднакво ниво, тогаш ќе имаме поголема конкурентност. Почнавме со процесот, но има доста работа. Делови како моторот се многу важни за овој спорт и треба да се внимава“, додава Американецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...