Мерцедес се тука за возбудата во формула 1

Тимот на Мерцедес ќе размисли за менување на политиката на слободно тркање на Луис Хамилтон и Нико Розберг само доколку се случат незгоди

Хамилтон и Розберг беа првите ѕвезди на трката во Бахреин откако тимските колеги откако немаа предизвик од другите тимови, имаа битка која победникот Хамилтон ја опиша како „на острицата на ножот“. Шефот на тимот, Тото Волф, вели дека возачите имаат дозвола да се тркаат сè додека не ја преминат границата.

„Одлично е да гледаш двајца возачи со еднакво ниво на конкурентност, кои се борат фер, без непотребни ризици. Не може да биде подобро од тоа. Тоа е реклама за Формула 1 во моментот кога многу луѓе сакаат да зборуваат против спортот. Сè додека не почнеме да губиме предни крила, останува истата стратегија. Ние претставуваме голем бренд и треба да знаеме каква одговорност имаме. Двајцата го направија тоа на фантастичен и спектакуларен начин“, вели Волф.

НАРЕДБИТЕ САМО НОСАТ НЕСРЕЌНИ ЛУЃЕ

Педи Лоув, извршниот директор на Мерцедес, исто така има доверба во своите возачи и смета дека е полесно да се справи со стресот на блиски контакти меѓу своите болиди наместо да има јасен број 1 и број 2 возач во тимот.

„Тимските наредби поставуваат вештачки рамки и се многу лоши за спектаклот на трките, така што ние веруваме дека е подобро да ги оставиме момците да се тркаат, посебно во ситуација во која имаме доминантен болид. Важно е да се задржи забавата и возбудата за сите нас. Тоа е формула 1. Во секој случај, кога ќе почнете со тимски наредби, сите стануваат несреќни. Завршувате со сите како големи лузери. Од почетокот кажавме дека нашите возачи можат да се тркаат од стартот до финишот“, вели Лоув.

ФОРМУЛА 1 УШТЕ МОЖЕ ДА ВОЗБУДУВА

За тие што сметаа дека Формула 1 е серија без заби, неделната трка во Бахреин беше вистинско „освестување“. Спортот беше на удар на многу критики, многу од нив одвнатре, од тоа дали болидите биле доволно гласни, до тоа дека возачите се однесувале како таксисти кои штедат гориво и гуми. По досадната трка во Малезија, во неделата колегите од Мерцедес го вратија шоуто.

„Тоа ме направи најсреќен. Ова е одличен разултат за Мерцедес како тим, но уште повеќе одличен резултат за Формула 1 поради сите негативности и сите сомнежи во оваа нова ера“, додава Лоув.

Само неколку часа пред трката, претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, предупреди дека мора да се врати „загубената музика“ на моторите и да се укинат ограничувањата за гориво. По состанокот со претседателот на ФИА, Жан Тод, е договорено да се направат промени на звукот на моторите, но другите работи остануваат исти.

Тогаш, Мерцедес, компанија со славно искуство во мотоспортот, ја направи клучната одлука и дозволи чисто тркање на возачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...