Розберг на долги патеки со Мерцедес

Формула 1 тимот на Мерцедес објави дека лидерот во генерален пласман, Германецот Нико Розберг потпишал „повеќегодишно продолжување на договорот“.

Розберг, кој оваа сезона победи на три трки (Австралија, Монако и Австрија) и води пред тимскиот колега Луис Хамилтон со 4 поени, е во тимот на Мерцедес од 2010 година, откако ја започна кариерата со тимот со кој неговиот татко Кеке освои титула, Вилијамс.

„Горд сум што ја возам Формула 1 „Сребрената стрела“ во модерната ера. Како Германец, наследството и историјата на Мерцедес-Бенц е многу посебно за мене и почестен сум што ќе го претставувам брендот во светот. Во последната година имавме огромен прогрес, тимот беше засилен во секој поглед. Сигурен сум дека ќе победуваме на повеќе трки, и се надевам, ќе освојуваме титули“, вели Розберг.

Шефот на Мерцедес Моторспорт, Тото Волф е задоволен од продолжувањето на договорот.

„Брзината, посветеноста и фокусот на Нико ни помогнаа да добиеме вистински правец во развојот на тимот. Тој е еден од најдобрите возачи во Формула 1“, објаснува Волф.

Според германскиот дневен весник „Билд“, новиот договор на Розберг, кој доаѓа по свадбата со неговата долгогодишна девојка Вивијан, е на три години и севкупно вреди 55 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...