Ферстапен покажа дека талентот е важен во Ф1

Актуелните Ф1 возачи велат дека промоцијата на Макс Ферстапен во Торо Росо следната година на само 17 години покажува дека талентот се уште важи нешто. Според лидерот во генерален пласман, Нико Розберг, ова покажува дека талентираните возачи можат да успеат и без голема финансиска поддршка.

„Сите новинари постојано прашуваат дали само со пари се успева во Ф1, и одлично е да се види ако го имате талентот и го заслужувате тоа, влегувате во Формула 1. Тоа е важно и добро за сите нас. Тој е многу млад, меѓутоа мислам дека ќе биде ОК“, вели Розберг.

Возачот на Вилијамс, Фелипе Маса, се согласува посочувајќи ја успешноста на младиот Холанѓанец.

„Се работи за брз возач кој го покажа талентот во картинг, Формула 3... Ова е голема можност за него и добро е што тимот прво е заинтересиран за талентот на возачот, а не само за парите. Тоа е добро за спортот“, вели Маса.

По веста за промоцијата на Ферстапен веднаш се крена прашањето околу неговата зрелост за Ф1, а Фернандо Алонсо, човек ко исто така рано дебитираше вели дека 17 е само „бројот во пасошот“ и дека Холанѓанецот треба да се докаже со брзината. Алонсо имаше 19 години кога дебитираше за Минарди во 2001 година за Минарди (тим кој подоцна стана Торо Росо).

„Возраста е само број во пасошот. Треба да бидеш подготвен за предизвикот и за напорните Ф1 викенди. Некои се подготвени на 17 години, некои на 28, тоа зависи од возачот. Пред да се каже што било треба да се види како Ферстапен ќе работи следната година и по шест или осум трки ќе видиме дали е подготвен“, изјави Алонсо.

Идниот колега на Ферстапен, Данил Квјат, кој е еден од само осумте возачи кои влегле во Ф1 како тинејџери не очекува проблеми.

„Мислам дека секој возач може да дојде во Формула 1 и да се адаптира бргу. Сите кои доаѓаат во Ф1 се тука поради некоја причина, талентот, брзината...“, изјави Квјат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...