Понеделникот беше „магичен ден“ за Алонсо?

Денешниот ден може да биде „магичен“ за Фернандо Алонсо и неговиот договор со Ферари, шпекулираат германските медиуми

Шефот на тимот Марко Матијачи неофицијално „потврди“ дека италијанскиот тим продолжува со Алонсо и Кими Раиконен за следната сезона. Меѓутоа, по оваа изјава недостасуваше официјално соопштение, а тоа не се очекува и на домашната трка во Монца овој викенд.

- Во Монца нема да има објава за возачите бидејќи немаме што да објавиме – изјави Матијачи за италијанскиот магазин „Аутоспринт“ посочувајќи дека двајцата возачи имаат договор за 2015.

Иако ова е точно, германскиот „Ауто мотор унд спорт“ тврди дека 1 септември може да смени сè. Нивниот новинар Михаел Шмид вели дека „интерни“ извори во Ферари потврдуваат дека договорот на Шпанецот има клаузула со која се отвора можност за трансфер ако Алонсо не е на 25 поени од лидерската позиција.

Пред Монца, Алонсо има огромни 100 поени зад Нико Розберг во Мерцедес. Дали оваа шанса за „излез“ ќе се искористи останува да се види, и покрај тоа што британскиот „Телеграф“ тврди дека шефот на Мекларен, Рон Денис понудил спектакуларни 32 милиони $ за година за Алонсо.

Денис имаше огромно несогласување со Алонсо кога тој првпат дојде во Мекларен во 2007, но сега тој е најпосакуван за развој на новото партнерство на Хонда. Сепак, Алонсо не би бил охрабрен за трансфер од последните вести кои тврдат дека Хонда, која се враќа во спортот по шестгодишно отсуство во моментов е далеку зад перформансите на Мекларен.

ФЕРАРИ ПРЕМНОГУ МИСЛАТ НА „КРАТКИ ПАТЕКИ“

Техничкиот директор на Ферари, пак, најде ново објаснување за слабите перформанси на тимот од Маранело – тоа што во минатото се работело премногу на „кратки патеки“.

2014 може да биде сезона без победа за Ферари, кои не само што заостануваат зад Мерцедес туку и зад Ред Бул и Вилијамс. Последна сезона во која Ферари не освоиле победа во една сезона е 1993 година и Елисон вели дека Скудерија секогаш ќе биде победнички тим, но додава дека организациските пропусти му наштетиле на тимот.

„На Ферари никогаш не му недостасувале ресурсите, квалитетните луѓе и квалитетните возачи. Сите се обидуваме да ги најдеме областите каде што потфрламе и да ги поправиме. Повеќето од тие пропусти се организациски поради тенденцијата да се работи на кратки патеки во минатото“, вели Елисон, кој во Ферари дојде од тимот на Лотус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...