Мерцедес фокусирани на Хамилтон и Розберг

Шефот на Мерцедес Моторспорт, Тото Волф, потврди дека неговиот тим нема да зборува со други возачи сè додека не добијат одлука од Луис Хамилтон за неговата иднина по 2015.

Договорот на Британецот завршува на крајот на следната сезона, меѓутоа со тимот се согласија дека ќе ги одложат преговорите сè до одлучување на борбата за титулата. Дури ако не успеат да склучат договор, Мерцедес ќе почне да разговара со други возачи.

Хамилтон има 17 поени предност пред Нико Розберг на три трки пред крајот на сезоната, која продолжува овој викенд со Американското ГП во Тексас.

„Имаме договор со двајцата возачи за 2015 година. Сакаме да продолжиме со сегашниот состав бидејќи овие момци се дел од успехот на тимот. Тие се познаваат многу одамна и целосно се почитуваат. Моментот кога ќе вклучиме некој друг во битката, ќе страдаат перформансите. Затоа сакаме да останеме со нив и по 2015“, објаснува Австриецот.

Односите помеѓу Хамилтон и Розберг имаа своја „точка на топење“ во текот на летото откако Британецот го обвини Германецот дека намерно се удрил во него на Белгиското ГП во Спа. По преговорите во тимот ситуацијата се смири и Хамилтон стигна до четири победи во низа за да ја преземе контролата во шампионатот.

Фернандо Алонсо наводно ги известил Мерцедес дека е подготвен да го замени Хамилтон за 2016 доколку не успеат да го продолжат договорот. Се верува дека овој договор ја има поддршката и од Берни Еклстоун. Волф вели дека не чувствува никаков притисок.

„Не постои такво нешто. Една од причините за нашиот прогрес е тоа што сме Мерцедес-Бенц и имаме голема поддршка. Тие нè оставаат да си ја тераме работата и да ги носиме вистинските одлуки. Секако, бордот ги носи одлуките, но нема притисок“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...