Катерхам отпушти 230 вработени, но ќе се трка

Истиот ден кога Катерхам објави успех во собирањето пари за настап на Абу Даби ГП трката, тимот исто така отпушти 230 вработени. Според британскиот весник „Дејли Телеграф“ на дел од вработените им е соопштено дека веќе не се потребни во компанијата преку електронска порака.

„Засрамувачки е колку се зборува за успехот за патување во Абу Даби, а во исто време се отпуштаат луѓе на кои им се должи плата за седум недели“, коментираше еден анонимен вработен.

Катерхам претходно објави дека Јапонецот Камуи Кобајаши ќе биде еден од возачите на тимот при кам-бекот на тркањето во Абу Даби овој викенд. Поранешниот колега на Кобајаши, Швеѓанецот Маркус Ериксон официјално се раздели со Катерхам откако потпиша договор за 2015 година со Заубер, но Јапонецот реши да остане поврзан со малиот тим.

„Среќен сум што ќе се тркам со тимот во Абу Даби. Ова не беа лесни неколку недели, но убаво е да си повторно со тимот. Ние никогаш не се предаваме. Заслужуваме да се тркаме во Абу Даби и сега е наше да го дадеме максимумот“, вели Кобајаши.

Идентитетот на неговиот колега останува непознат. Шпанецот Роберто Мерхи тврди дека има договор да биде замена во тимот, а трикратниот шампион од Ле Ман, Андре Лотерер најави дека од тимот го контактирале за втора трка во 2014.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...