Ферари со нови промени - Фрај и Томбазис во аут

Ферари продолжи со промените во 2014 откако се раздели со главниот дизајнер Николас Томбазис и директорот на инженеринг Пет Фрај, двајцата најодговорни за болидот оваа сезона со кој првпат од 1993 година тимот не победи барем на една трка. Техничкиот директор Џејмс Елисон ќе ја преземе структуралната контрола на тимот.

„Николас Томбазис и Пет Фрај си заминуваат од Скудерија“, потврдија со соопштение од Ферари.

По крајот на краткото ангажирање на Марко Матијачи како шеф на тимот во ноември во тимот имаше неверојатни промени. Маурицио Аривабене стана трет шеф на тимот во последните девет месеци, откако претходно во текот на сезоната си замина Стефано Доменикали, додека претседателот Лука ди Монтеѕемоло беше заменет од Серџо Маркионе, генералниот директор на Фиат.

За Ферари тоа што нема да се освои светска титула честопати се толкува како катастрофа, така што сезона без победа нормално е неприфатлива. Во Скудерија трпението никогаш не е големо, но овој пат се случи неверојатна „чистка“ на персоналот.

Во оваа година Ферари го сменија претседателот, шефот на тимот (двапати) и го сменија својот оддел за мотори. Разочарувачката сезона донесе тензија со нивната прва ѕвезда Фернандо Алонсо, и таа не можеше да се надмине и тој замина за Мекларен. Пред да ја преземе улогата на претседател на тимот од Лука ди Монтеѕемоло, Маркионе ги опиша перформансите во 2014 како „неприфатливи“, така што заминувањето на Фрај и Томбазис не изненадува.

2014 БЕШЕ ГОДИНА НА ТРАНЗИЦИЈА

Сезоната што заврши и претходно беше сметана како година на транзиција за Ферари. Џејмс Елисон дојде како технички директор во септември 2013, така што немаше големо влијание во градењето на Ф14Т болидот. Сепак, тимот покажа подобрувања на делот на аеродинамиката, каде што традиционално се слаби, но главниот проблем беше моторот.

Ферари најмногу страдаше од воведувањето на новиот 1.6 литарски В6 турбо-хибриден мотор, со проценети 40 коњски сили помалку од Мерцедес. Изненадувачки, проблемот не беше во ЕРС системите и хибридниот дел, туку во конвенционалните делови на моторот, што повторно е „неприфатливо“ за тим кој се гордее со градењето на своите мотори.

Фрај пред заминувањето во интервју за „Аутоспорт“ посочи дека ако тимот сака да се врати на победите тогаш треба да се направат промени во сиоте области.

„Проблемите се насекаде. Нашиот аеродинамички оддел е далеку послаб од тој на Ред Бул. Ако го споредиме моторот со Мерцедес, исто така имаме многу работа пред нас“, призна Фрај.

2014 беше сезона на политика, промени и срам за Ферари. Сепак, постои надеж за 2015. Ако Елисон го предводи тимот до мал пресврт, а Себастијан Фетел и Кими Раиконен почнат да носат перформанси, тогаш Скудерија може да биде првото изненадување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...