Алонсо вети дека ќе биде трпелив со Мекларен

Фернандо Алонсо повторно инсистираше дека е подготвен да почека за да освои титули со Мекларен. Двократниот светски шампион си замина од Ферари на крајот на оваа сезона по пет години во тимот од Маранело во кои не успеа да освои титула.

Тој реши да се врати во Мекларен, тимот во кој имаше една несреќна сезона во 2007 година, и шпекулациите велеа дека во неговиот договор има клаузула за заминување доколку не се победува веднаш. Тоа беше демантирано, и сега Алонсо ветува трпеливост.

„Тука сум да победувам, но не од првиот ден. Тука сум да победувам во долгорочно партнерство. Ако треба да поминуваме низ период на учење, тука сум за тоа и посветен сум на мојата работа“, вели 33-годишниот Шпанец во интервју за Би-Би-Си.

За Мекларен 2014 исто така беше слаба сезона во која беа само петти во генерален пласман на конструктори, а уште позагрижувачки тимот нема победа во последните две години. Меѓутоа, новата сезона е нов почеток на тимот со обновувањето на партнерството со Хонда по долгата соработка со Мерцедес. Покрај тоа, тимот направи голем број промени во техничкиот оддел.

„Има знаци дека работите тргнаа во вистинска насока, посебно со новите имиња, новите луѓе кои дојдоа да го направат тимот посилен. Чувствувам промена на филозофијата на тимот. Кога еден тим не ги исполнува очекувањата, нормално е да се бараат проблемите и да се најдат причините. Во Мекларен го има тој начин на работа. Сите работат за победа“, додава Алонсо.

При последното партнерство со Хонда од 1988 до 1992 година, Мекларен освојуваше три титули со Аиртон Сена и една со Алан Прост. Алонсо признава дека историјата има значење.

„Партнерството Мекларен-Хонда значи многу. Кога бев дете ги гледав тие битки на Сена и Прост со славните бои. Пораснав со идол (Сена) и со слика на тоа што значи да се победува во Формула 1. Привилегија е да се биде дел од новата ера на Мекларен-Хонда и тоа ми носи дополнителна инспирација“, вели Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...