Алонсо е „сосема нормален“, ветерот виновник

Фернандо Алонсо останува во Одделот за интензивна нега во болницата во Барселона по силниот судир на тестирањето во Барселона.

Шпанецот ја помина ноќта во болницата во Сант Кугат откако доби потрес на мозокот од силниот судир во ѕидот на третата кривина на последниот ден од вториот тест од пред-сезоната. Мекларен-Хонда објавија дека нивната ѕвезда има „солидно закрепнување“, по што објаснија што се случи при страшниот судир.

„Тој разговара со семејството, пријателите и луѓето од болницата. Во болницата беше направена целосна анализа на неговата состојба, вклучувајќи томографски скенирања, кои покажаа нормална ситуација. За да му обезбедиме приватност и мир кои му се потребни за заздравување, тој ќе остане во болницата, а подоцна ќе одлучиме дали ќе учествува на следниот тест во Барселона“, велат од Мекларен.

ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР

Околу судирот веќе се „нанижаа“ неколку теории на заговор, посебно откако Себастијан Фетел, возачот на Ферари кој беше зад него, изјави дека имало нешто чудно и дека не изгледало како „судир“. Штетата на МП4-30 болидот на Мекларен не беше толку голема, но, сепак, Алонсо ја загубил свеста.

Германскиот весник „Билд“ исто така има прашања, но и шпекулира поради проблемите на Хонда со електронските системи за поврат на енергијата.

„Дали Алонсо беше во несвест или зашеметен бидејќи веќе вдишал отровни гасови од батеријата? Дали Алонсо доби електронски шок?“ се прашува „Билд“.

Од Мекларен пак објаснуваат дека иако истрагата за инцидентот е во рана фаза, можат да се донесат „некои јасни заклучоци“. Според нив, инцидентот е предизвикан од тоа што Алонсо излезе на „астротурф“ подлогата при силен ветер.

„Неговиот болид влезе прешироко на влезот на третата кривина, која е брза десна кривина на нагорнина, по што излезе на ’астротурф’ подлогата надвор од патеката. Според нас инцидентот е предизвикан од невообичаено силниот ветер на тој дел на патеката, кој влијаеше и на другите возачи слично. Нема никаков доказ дека се случил механички дефект“, објаснуваат од Мекларен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...