Лејкерси подобри од Клиперси

Минимално со само еден поен разлика 87:86, со кош во последната секунда кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги победија градските ривали Лос Анџелес Клиперс во еден од 11 натпревари одиграни утринава во НБА лигата.

Победникот беше решен во последната четвртина која „езерџиите“ ја добија со 22:15, откако во неа влегоа со шест поени негатива. На 15 секунди до крајот „клиперси“ реализира за водство од 86:85, но во последниот напад буквално со звукот на сирената Дерек Фишер му ја донесе победата на својот тим.

Коби Брајант во победничката и гостинска екипа и Ерик Гордон кај домашните кошаркари беа најефикасни со по 24 реализирани поени.

На другите натпревари постигнати се следниве резултати: Бостон - Денвер 105:89, Кливленд - Чикаго 83:88, Њујорк - Торонто 113:110, Милвоки - Индијана 97:95, Минесота - Оклахома 103:111, Њу Орлеанс - Детроит 93:74, Сан Антонио - Голден Стејт 111:94, Феникс - Мемфис 98:104 (по продолжение), Јута - Мајами 98:111 и Сакраменто - Вашингтон 116:91.

Вечерва на програмата се три натпревари: Филаделфија - Бостон, Далас - Њу Џерси и Портланд - Орландо.

Табела Источна конференција: Бостон 17-4 (победи-порази), Орландо 15-6, Мајами 15-8, Атланта 15-8, Њујорк 14-9, Чикаго 12-8, Индијана 10-10,...

Табела Западна конференција: Сан Антонио 18-3 (победи-порази), Далас 17-4, Лос Анџелес Лејкерс 16-6, Јута 16-7, Њу Орлеанс 14-7, Оклахома 15-8, Денвер 13-8,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Господ решил да ја посети земјата и да види колку се добри луѓето. И се симнал облечен како скитник седнал да проси. Поминало долго време никој ништо не му дал и тоа време досол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1623.- Роден е Блез Паскал, француски...
1819.- Американскиот параброд "Савана" пристигна...
1862.- Конгресот на САД донесе решение за...
1949.- Во Загреб умре Владимир Назор, хрватски...