Мајами поведе со 2-1 во НБА финалето

Кошаркарите на Мајами му се реваншираа на Далас за поразот во претходниот натпревар на домашен терен и ноќеска во „Американ Ерлајнс Центарот“ во Далас славеа победа со 88:86.

Мајами поведе со 2-1 во добиени натпревари, а во историјата на НБА финалните натпревари од 1985 година кога се игра во формат 2-3-2 екипата која повела со 2-1 ја освојувала титулата.

Решавачкиот кош беше постигнат на 39 секунди до крајот, го постигна Крис Бош, кој вкупно реализираше 18 поени. Предводник на „жешките“ до новата победа беше Двејн Вејд со 29 поени и 11 скокови, а третиот играч од „големото трио“ на Мајами, Леброн Џејмс стигна до 17 поени.

Најефикасен на натпреварот беше Дирк Новицки со 34 поени и 11 скокови.

Натпреварот број 4 се игра ноќта меѓу вторник и среда по македонско време. Повторно домаќин е тимот на Далас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...