Играчите на Далас Маверикс го совладаа Мајами со 112-103 и поведоа за прв пат во серијата на финалето на НБА лигата.
Тие во следниот натпревар ќе имаат можност да стигнат и до титулата.
Најзаслужен за триумфот на Тексас беше Дирк Новицки со 29 поени. Кај Мајами најдобар беше Вејд со 29 поени.
Серијата се сели во Мајами, а следниот, можеби и одлучувачки натпревар ќе се игра на 12. јуни.