Конфискуван имот на поранешниот грчки министер за одбрана Цохаѕопулос

Атина, 9 февруари 2012 (МИА) - Грчки суд донесе одлука за конфискување на имот на поранешниот министер за одбрана на Грција и актуелен пратеник Акис Цохаѕопилос, затоа што изнел неточни податоци во пријавата за неговата имотна состојба. 

Судот реши да ја заплени неговата резиденција, додека Цохаѕопулос е пуштен да се брани од слобода со кауција 150.000 евра.

Ваквата одлука е донесена откако Комисијата за финансиска контрола на партиите и избраните функционери утврди дека податоците во пријавата за имотната состојба на Цохаѕопулос доставена во 2010 година, не одговараат со вистинските приходи што тој ги остварил.

Во документот Цохаѕопулос пријавил дека во текот на 2009 година имал приход од 250.955 евра, од кои 150.000 се од кредит, меѓутоа меѓу имотот не ја навел и резиденцијата што сега му е запленета.

Против 72-годишниот Цохаѕопулос се води и истрага под обвинение за перење пари и за злоупотреба на функцијата при склулчување на договор за набавака на подморница за потребите на грчката Армија.

Цохаѕопулос беше грчки министер за одбрана од 1996 до 2001 година. Во текот на 90-те години на минатиот век беше секретар на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), а во 1996 година се кандидираше и за лидер на партијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Марзам кога ми го вадат јазикот - вели сладоледот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1846.- САД го анектираа Ново Мексико.
1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси,...
1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев,...
1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи,...