Захарова: Европските елити бараат „непријател“ за да ги оправдаат неуспесите

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека европските политички елити имаат потреба од „непријател“ врз кого ќе ја префрлат вината за своите проблеми и неуспеси.



Таа оцени дека против Русија се води кампања на клевети, поттикната од постојани провокации, фалсификати и отворени лаги, со цел да се оправда агресијата и да се канализира негативноста во општеството.

- Во услови на акутна социо-економска криза, современите евроелити имаат витална потреба од непријател врз кого ќе ги префрлат сите проблеми и ќе ги прикријат сопствените неуспеси. Обидите за наметнување антируска, русофобична матрица на свеста продолжуваат, а важно е да се разбере дека нејзината изградба и промоција траат со векови, изјави Захарова во интервју за рускиот портал „Експерт“.

Таа додаде дека евроатлантските центри и понатаму сонуваат за нанесување стратешки пораз на Русија и се подготвени на сè за да ја остварат таа цел.

- Рацете на Западот го создадоа и негуваа неонацистичкиот режим во Киев, фокусиран на уништување на сè што е руско. Блицкригот против нашата земја пропадна, санкциите пропаднаа, а вооружувањето на киевските насилници не може да ја промени ситуацијата на фронтот, рече Захарова.

Таа оцени дека Русија, по распадот на СССР и турбулентните 90-ти, повторно зајакнала и го пронашла својот глас на меѓународната сцена, но, без причина, била ставена во редот на „оската на злото“.

- Само затоа што се осмеливме да имаме свое мислење, да го браниме суверенитетот и да ја кажеме вистината за убиствените авантури на Западот во Југославија, Ирак, Либија, Сирија, Украина итн. Милиони луѓе станаа жртви на тие злосторства – тоа е факт. Но, ако ги слушате западните политичари, чии раце се до лактите во крв, и контролираниот печат, ќе помислите дека ништо не се случило, вели Захарова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1923.- Во селото Сингелиќ, скопско, е родена...
1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер...
1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на...
1947.- Со одлука на Владата на Народна Република...