СДСМ ќе организира граѓанска непослушност

Скопје, 25 декември 2012 (МИА) - Лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски на денешната прес-конференција најави дека пратениците на коалицијата „Сојуз на иднина“ повеќе нема да учествуваат во работата на Собранието на Република Македонија и оти од денеска СДСМ заедно со своите коалициски партнери преоѓа на поинаков начин на дејствување.

- Ќе организираме и поддржуваме секаков облик на граѓански отпор и непослушност. Ќе организираме и поддржуваме секаков вид митинзи, протести, блокади на сообраќајници, рече Црвенковски. Некои од активностите претходно ќе ги најавуваат, а некои, како што додаде тој, не.  

Лидерот на опозициската СДСМ  рече дека нивните активности почнуваат од вечерва со получасовно блокирање на клучните сообраќајници во сите градови ширум Македонија. Во Скопје блокадата ќе се случи од 18 до 18 и 30 часот пред „Рекорд“ и овие активности ќе траат до петок навечер, а во сабота напладне опозицијата ќе организира протест пред главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Црвенковски рече дека СДСМ нема да излезе ниту на локални, ниту на предвремени парламентарни избори се додека опозицијата не добие гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски.

Гаранции за демократски избори лидерот на опозицијата очекува од законската регулатива, состојбата со Избирачкиот список, силен меѓународен мониторинг и од оној што ќе ги организира изборите. - Оваа власт тој кредибилитет го нема, изјави Црвенковски. 

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што им се случи на пратениците од СДСМ и опозицијата вчера во Собранието,  Црвенковски рече дека се чувствува одговорен и чувствува одговорност на СДСМ што многу порано, подиректно и порадикално не почнале да и се спротиставуваат на оваа власт.

Црвенковски го избегна одговорот на тоа дали ќе учествува на лидерска средба доколку таа биде свикана. Според него, клучниот проблем е она што се случи во Собранието.

Пратениците од опозицијата денеска на брифинг во седиштето на партијата најавија дека ќе поднесат кривични пријави против претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вицепремиерои Зоран Ставрески и против четири лица кои заедно со обезедувањето, според нив, ги истерале од собраниската сала.

СДСМ смета дека се прекршени повеќе членови од Законот за Собрание, Деловникот на Собранието и Уставот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1923.- Во селото Сингелиќ, скопско, е родена...
1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер...
1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на...
1947.- Со одлука на Владата на Народна Република...