Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин пред Судот во Лос Анџелес се изјасни за невин, за силување и сексуални напади врз пет жени, соопшти канцеларијата на државниот обвинител.



Вајнстин (69) првпат се појави на судење во Лос Анџелес, каде што е обвинет за пет случаи на сексуален напад со употреба на сила, во периодот од 2004 до 2013 година. Доколку биде осуден, тој се соочува со доживотен затвор.

Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, е обвинет за силување на две жени во хотели во Беверли Хилс во две одделни прилики, како и за сексуални напади на уште три жени во областа на Беверли Хилс и Лос Анџелес. Повеќе од 80 жени поднесоа обвиненија против Вајнстин за сексуални напади што се случиле последниве десетлетија, но само неколку случаи завршија на суд.

Некогашниот продуцент на судењето дошол во ортопедска количка, облечен во кафена затворска униформа во која бил донесен од Њујорк во Лос Анџелес. На источниот брег на САД, тој веќе отслужува 23-годишна затворска казна за други случаи на силување и други сексуални напади.

Откако на преку својот адвокат се изјасни за невин, судот одлучи Вајнстин да остане во затвор до следното сослушување на 29 јули, соопшти обвинителството на Лос Анџелес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби