Кевин Спејси мора да плати 31 милион долари отштета

Кевин Спејси (62), добитник на два „Оскари“, ќе мора да ѝ плати речиси 31 милион долари на продуцентската куќа „МРЦ“, која го отпушти од снимањето на серијата „Куќа од карти“ во 2017 година поради обвинувањата за сексуална злоупотреба.



Американските судски власти одлучија така откако неговата жалба беше одбиена.

„МРЦ“ го тужеше американскиот актер бидејќи со неговото однесување и отпуштањето, компанијата изгубила значителни приходи од серијата што, инаку, се занимаваше со политичките интриги во Вашингтон. Пред пет години, кариерата на Спејси ненадејно заврши поради серија наводи за сексуален напад, па продуцентите мораа да направат големи промени во заплетот на шестата сезона на „Куќа од карти“. Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа, оценувајќи дека однесувањето на Спејси ги прекршило правилата на договорот, на што актерот се жалел, но таа жалба била одбиена.

Кевин Спејси е обвинет во Велика Британија за пет дела што наводно се случиле меѓу 2005 и 2013 година – четири точки за сексуален напад со допирање и посериозно обвинение за поттикнување сексуална пенетрација без согласност. Минатиот месец беше договорено судењето да се одржи на 6 јуни следната година.

Спејси ги отфрли сите наводи за сексуално вознемирување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби