Двојниот оскаровец Том Хенкс е во преговори со компанијата „Волт Дизни“ за улога во играната верзија на „Пинокио“ и тоа како дрводелецот Џепето.

Класичната приказна е на писателот Карло Колоди, а цртаниот филм „Пинокио“ на „Волт Дизни“ излезе 1940 година.Новата преработка ќе ја режира Роберт Земекис. Тој и Хенкс заедно работеа на оскаровскиот филм „Форест Гамп“ од 1994 година и во уште два други филма.
Сценариото е на Сајмон Фарнаби, а филмот е во претпродукција.