Премиера на „Хари Потер 20-годишнина: Враќање во Хогвортс“

Специјалот „Хари Потер 20-годишнина: Враќање во Хогвортс“ (Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts) ќе има премиера на HBO GO во јануари 2022 година.

 Даниел Редклиф, Руперт Грин и Ема Вотсон им се придружуваат на режисерот Крис Колумбус и останатите актери од сите осум филмови за Хари Потер во првото враќање во Хогвортс каде ќе ја прослават годишнината од првиот филм „Хари Потер и каменот на мудроста“ кој премиерно е прикажан пред 20 години. Овој специјал ни донесува магична приказна за настанувањето на филмовите и одлични интервјуа со актерите со повик до гледачите да појдат на неповторливо патување низ една од најгледаните франшизи на сите времиња.

На овој специјал за паметење се придружуваат и Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Џејсон Ајсакс, Гери Олдман, Имелда Стантон, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Алфред Енох, Метју Луис, Евана Линч, Ијан Харт и многу други. „Хари Потер 20-годишнина: Враќање во Хогвортс“ ќе оддаде признание на филмовите и прекрасната заедница која се собра во Warner Bros. студиото во Лондон пред две децении. Во исто време ќе се прослави и наследството на Хари Потер филмската франшиза и нејзиното влијание врз срцата, умовите и соништата на семејствата и обожавателите ширум светот.

„Од премиерата на филмот ‘Хари Потер и каменот на мудроста’ поминавме низ неверојатно патување, а можноста да сведочам за како сето тоа еволуираше во неверојатен универзум е магично“, изјави Том Ашхајм, претедател на Warner Bros. Global Kids, Young Adults и Classics. „Оваа ретроспектива им оддава признание на сите оние кои се трогнати од овој културен феномен – од талентирани актери и екипа која го вложи своето срце и душа во оваа извонредна филмска франшиза до страствени обожаватели кои продолжуваат да го одржуваат духот на овој магичен свет веќе 20 години.“

„Со оваа актерска екипа во воздухот се чувствува магија затоа што сите се враќаат на оригиналниот сет во Хогвортс, место каде започна приказната пред 20 години. Возбудата расте додека се подготвуваат да ги поведат обожавателите на едно посебно патување низ настанокот на овие неверојатни филмови“ – изјави извршната продуцентка Кејси Патерсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...