Нетфликс со нова криминалистичка серија заснована на вистинска приказна

По успехот на серијата „Дамер“, Нетфликс претстави уште една криминалистичка серија заснована на вистинита приказна. На 13 октомври, на стрим-платформата ќе се прикажува „The Watcher” – приказна за семејството Броудус, кое добивало морничави писма на адресата на ново купената куќа во Њу Џерси (САД).



Испраќачот до ден денес не е пронајден, а во меѓувреме се појавија разни теории за можните виновници. Приказната стана позната во 2018 година, а сега ја сними Рајан Марфи, креаторот на популарната серија „Американска хорор-приказна“. Главните улоги ги толкуваат Мија Фароу, Наоми Вотс, Боби Канавејл и Џенифер Кулиџ.

Инску, Марија и Дерек Броудус купиле куќа за 1,3 милиони долари за куќа во Њу Џерси и веднаш започнале со работа за што побрзо да се вселат во неа со своите три деца. Меѓутоа, штом почнале со подготовките, Дерек забележал писмо во поштенското сандаче…

-Најдраги нови соседи на булевар 657, сакам да ви посакам добредојде во населбата. Моето семејство го гледа Булеварот 675 со десетлетија и сега, како што се наближува 110-тиот роденден, на ред сум јас да гледам и да го чекам ‘второто доаѓање’. Дедо ми ја гледаше куќата во 1920-тите, татко ми во 60-тите. Сега е моето време, се вели во заплашувачкото писмо.

Писмото немало адреса на испраќачот, потпишано е само со „Набљудувачот“.

Дури четири години по првото писмо, во 2018 година, Дерек одлучил да излезе во јавноста со морничавата приказна која донекаде им ги уништила животите.

– Бев депресивен – тоа е како рак. Понекогаш се будам среде ноќ и размислувам за тоа каков би бил мојот живот доколку ова не се случеше, раскажува тој.

Семејството во меѓувреме успеало да ја продаде куќата, за помалку пари отколку што платиле кога ја купиле, а се обиделе и да ги тужат претходните сопственици затоа што не ги предупредиле за непријатностите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1547.- Умре шпанскиот освојувач Ернан Кортес, кој...
1804.- Наполеон Бонапарта за францускиот цар...
1805.- Во битката кај Астерлиц, позната како...
1814.- Умре францускиот писател Донасјен Алфонс...