Aвторoт на култниот хит „I Love Rock’n’Roll“ почина од коронавирус

Алан Мерил, автор на хитот „I Love Rock’n’Roll“ почина на 69- годишна возраст во Њујорк, откако се заразил од коронавирусот, соопшти денеска неговата ќерка Лора Мерил.



Според неа, татко и пред две недели и јавил дека заболел од настинка. Во разговорите со ќерка му тој укажувал дека не е сериозно и дека е обична настинка. Алан Мерил починал вчера претпладне.

-Коронавирусот го однесе татко ми ова утро. Ми дадоа само две минути да се збогувам пред да ме изнесат, напиша Лора на Фејсбук.

Во својот пост таа напиша дека не можела да присуствува на неговиот погреб поради тоа што мора да помине карантин од две недели. Ги повика сите да бидат сериозни со пандемијата на коронавирус и да останат дома.

Алан Мерил беше познат како вокалист и бас-гитарист на британската поп-рок група Arrows. Песната „I Love Rock’n’Roll“ групата ја сними во 1975 година, а била напишана од Мерил и гитаристот Џејк Хукер.

Песната беше препеана од повеќе познати изведувачи. Најпознатиот препев е снимен во 1982 година во исполнување на пеачката Џоан Џет, по што стана светски хит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби