ДНК со реакција: Министерство за култура нека ви служи на чест!

Оваа година ДНК слави јубилеј од 20 години постоење, кој ќе го прослават со голем солистички концерт во арената “Борис Трајковски”. И додека со нетрпение го очекуваме датумот на концертот, Панчо и Андреј решија да споделат една информација која се однесува на треманот кој што го добиваат од Министерството за култура.



-Денес, штотуку ја добивме информацијата, која воедно е големо разочарување за нас. Официјално, без никакво образложение сме одбиени од страна на Министерството за култура каде што најчесно и со целосно коректно доставена документација конкуриравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на музичката и музичко-сценската дејност. Да не бидеме погрешно сфатени не се жалиме, туку само сакаме да ви ја доловиме ситуацијата како е третирана македонската поп индустрија и воопшто македонската музика. Затоа и сцената е таму каде што е и не гледаме светла иднина додека вака сме/се третираат македонските артисти, велат од ДНК.

-Станува збор за ЈУБИЛЕЈ од 20 години. Ако бенд со 20-годишна кариера, кој зад себе има преку 60 синглови, 3 албуми, 2 големи соло концерти (Скопски саем), еден анплагд концерт (Универзална сала) , безброј настапи низ државата и надвор од неа, презентирајќи ја државата, нѐ множат со НУЛА, што останува останатите за останатите наши колеги и оние млади артисти кои започнале кариера или планираат да ја започнат. Ова е тотално омаловажување, деградирање и непочитување на своето. За жал, секогаш сме биле деструктивни како нација и секогаш туѓото се ценело многу повеќе.

Ние концертот ќе го направиме како и да е бидејќи, пред сѐ, тоа ѝ го должиме на нашата публика која нѐ следи изминативе 20 години и ќе бидеме среќни и радосни со секој еден што ќе ни направи чест да дојде таа вечер, која за нас ќе биде еден од најбитните денови во нашите животи. Жалиме што сме родени во оваа држава, но ја сакаме Македонија, бидејќи тука е нашата публика заради која сме тоа што сме денес и воедно која, според нас, е НАЈДОБРА на свет, а тука се и нашите СРЦА. Министерство за култура нека ви служи на чест!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби