Брус Спрингстин сè уште не размислува за пензија

Брус Спрингстин смета дека продажбата на неговиот музички каталог и правата за издавање – на „Сони“ лани, за 500 милиони долари било во вистинско време, но сè уште нема намера да се пензионира.



– Продажбата од минатата година има смисла, бидејќи знам дека мојот труд така ќе биде сочуван… Случајно наидов на најсреќната работа на светот, бидејќи добив „богатство“ за нешто што би го направил и бесплатно, изјави тој.

„Сони“ стана сопственик на 20-те албуми на Спрингстин, вклучувајќи ги и класиците „Born to Run“, „The River“ и „Born in the USA”. Сличен договор потшишаа и Боб Дилан, Блонди и Дејвид Боуви. Договорите им обезбедуваат на музичарите непосредна финансиска безбедност, а новите носители на правата се надеваат дека ќе заработат со нови приливи преку соработка со филмови и телевизии, од изведби и слично.

Инаку, пејачот „не е сигурен уште колку ќе може да ги изведува“ своите препознатливи долги настапи, но, вели, може уште да им понуди на обожавателите.

– Мислам, ако дојдам до точка каде што сум онеспособен или нешто слично… Но, дотогаш, мислам, погледнете ги Џони Кеш, Питер Сигер. Не можам сè уште да замислам пензионирање, не!, кратко додаде тој.

Спрингстин, познат и по неговиот прекар „Шефот“ (The Boss), е еден од најуспешните и најпочитуваните американски рокeри на сите времиња. Родум и израснат во Њу Џерси, во 1999 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби