Зоран Кесиќ премиерно во Скопје со нeверојатна приредба „Приказни и песни“

По двата успешни распродадени настапи на популарниот холивудски актер Никола Ѓуричко, Таксират Фестивал во соработка со „Скопје Комеди“ повторно најавуваат неверојатно шоу во Скопје, овој пат на можеби најпопуларниот ТВ водител во регионот – харизматичниот Зоран Кесиќ. На 24 април во Филармонија, Кесиќ премиерно ќе настапи со неговата приредба „Приказни и песни“ која изминатите 6 години има патувано на 3 континенти со повеќе од 50 изведби.



Зошто приказни и песни?

Затоа што Зоран Кесиќ зборува и пее.

Зошто приредба?

Затоа што „Приказни и песни“ е малку стенд-ап, малку претстава, малку прес-конференција, малку музички концерт, малку основачко собрание - значи приредба.

Зошто е таа неверојатна?

Затоа што ниту една претстава не е иста, во целовечерната изведба тој разговара и пее за безброј разновидни теми од политика до медитација. Секоја е обоена според местото на изведбата, моменталниот амбиент и моменталното расположение на изведувачот, и секој е единствен настан кој во таа форма ќе се случи тогаш и никогаш повеќе.

Зоран Кесиќ е српски комичар, политички коментатор, ТВ водител и новинар кој е добро познат во Македонија и регионот. Тој е автор на популарните хумористични емисии „Озбиљне вести“, „Дезинформатор“, „Фајронт република“ и на политичката сатира и воедно најгледаната забавна емисија во Србија „24 минути“.

Скопје е резервиран само за една изведба на „Приказни и песни“ и нема да има реприза, билетите се веќе во продажба онлајн и во продажните места на „Мктикетс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби