Џастин Тимберлејк ќе пее на отворањето на казино-хотел во Лас Вегас, а за еден час на сцената ќе заработи над шест милиони долари. За познатиот поп-пејач ова ќе биде прв настап во живо по четири години. Миниконцертот е закажан за 13 декември, пренесува „The Sun“.
За потсетување, поп-ѕвездата последен пат настапи во живо во април 2019 година, во Анкасвил, Конектикат, САД, на последниот концерт од турнејата под наслов „Man Of The Woods“ по истоимениот албум. Неговото враќање на музичката сцена беше најавено и со новата песна „Keep Going Up“,создадена во соработка со Тимбаленд и Нели Фуртадо, по нивниот заеднички хит „Give It To Me“ од 2007 година.
Тимберлејк (42) ќе добие 6,1 милиони долари за само еден час изведби на отворањето на новиот хотел „Фонтенбло“.
Џастин Тимберлејк неодамна се појави на сцената и со поранешниот свој бенд NSYNC, за време на доделувањето на Ем-ти-ви видео-музичките награди. Поп-составот најави и нова песна по 20 години. Се работи за композицијата „Better Place“ за новото продолжение на цртаниот филм „Тролови“, што ќе биде објавен во ноември. Песната, пак, официјално ќе биде пуштена на 29 септември.