Матуиди доаѓа во Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус уште го нема создадено комплетниот тим за новата сезона. Според најавите, дресот на „Старата дама“ во многу брзо време ќе го облече Блаис Матуиди. Францускиот репрезентативец кој е член на екипата на Пари Сен Жермен, се согласил да ја смени средината и од редовите на францускиот шампион, да се пресели во најдобриот тим во Италија.

ДОАЃА ЗА СУМА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА

Јувентус веќе подолго време настојува да го доведе францускиот репрезентативец, но проблем беа парите. „Старата дама“ нудеше 25 милиони евра, а ПСЖ не сакаше да го продаде за помалку од 40 милиони евра. На крајот двете страни, најверојатно, се договорија за трансфер вреден 30 милиони евра, плус четири милиони кои треба да бидат исплатени во вид на разни бонуси.

НА МЕСТОТО НА ЕДЕН ФРАНЦУЗИН ДОАЃА ДРУГ ФРАНЦУЗИН

Еден од највлијателните менаџери во светскиот фудбал, Мино Раиола одигра значајна улога во овој трансфер. Раиола го продаде Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед, а тогаш на италијанскиот првак му спомнал дека може да го доведе Матуиди од ПСЖ. Гигантот од Торино мора да најде соодветна замена за Погба, а се чини дека Матуиди ќе биде идеално решение.

Самиот играч веднаш се согласил да се пресели во Јувентус бидејќи му била понудена плата слична како таа што ја добивал кај „светците“. Тој е еден од најплатените играчи во Франција со годишна плата од девет милиони евра.

До крајот на преодниот рок останува само уште една недела, но се очекува трансферот да биде завршен многу побрзо и Матуиди да биде дел од италијанската Серија А. Освен за ПСЖ, тој има играно и за Троја и Сент Етјен. Во дресот на „галските петли“ има 50 меча во кои постигнал осум погодоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...