Има ли Јунајтед сила да го урне Баерн?

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед е пред сериозна задача во обид да го обезбеди четвртото учество по ред во полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите бидејќи пред своите навивачи ќе брка негативен резултат од 2:1. Освен тоа европскиот шампион од 2008 година се надева дека ќе стане првиот тим по Јувентус (1996-1998) кој трипати во серија стигнувал во финалето од ова натпреварување. Но прво му е потребен одличен резултат против најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен, кој никогаш го нема победено на домашен терен. Освен тоа екипата на Алекс Фергусон има дополнителни проблеми откако првата "виолина" во нападот Вејн Руни заработи повреда поради која првично беше најавено дека ќе отсуствува две до три недели. Во понеделникот низ англиските медиуми се прошири информација дека Руни ќе биде оспособен да им помогне на своите играчи во обид да го елиминираат големиот противник, меѓутоа Алекс Фергусон, во претходна консултација со лекарскиот тим, на прес-конференцијата изјави дека Руни нема шанси да настапи.

"Точно е дека Руни се опоравува побрзо од планираното, но се работи за свежа повреда и не сакам да ризикувам со неговото здравје", рече Фергусон.

За тоа колку недостасува Руни во тимот покажа дербито со Челзи кое Јунајтед го загуби, а со тоа им го препушти и првото место на табелата. Екипата е свесна дека мора многу да работи за да го надополни отсуството на англискиот репрезентативец, а Фергусон напорно ја бара тактиката која би му донела успех. Па така Федерико Македа повторно може да добие шанса во нападот, заедно со Бугаринот Димитар Бербатов, а како нивна поддршка од средниот ред ќе бидат Нани и ветераните Рајан Гигс и Пол Сколс.

"Уверен сум дека ќе 'воскреснеме' на дуелот со Баерн. Сме го правеле тоа многупати, а способни сме да го сториме истото и овој пат. Ќе се обидеме да ја држиме топката во наш посед и почесто да го загрозуваме противничкиот гол. Имам чувство дека ќе го минеме Баерн вечерва", изјави Гигс.

Баерн отпатува за Манчестер по позитивен резултат кој ќе го однесе тимот меѓу најдобрите четири екипи по пауза од девет години. Големиот Баерн во претходната рунда беше во идентична ситуација откако во првиот меч обезбеди предност од 2:1 против Фиорентина, но потоа среќно мина во Италија и се најде во четвртфиналето. Од фудбалерите се бара да го повторат истото, но овој пат да си заминат непоразени од Олд Трафорд. Баерн имаше успешна недела, откако во дербито го совлада Шалке и се врати на челната позиција во Бундес-лигата, а она што посебно го радува тренерот Ван Гал е враќањето на Арјен Робен и Даниел ван Бајтен по повредите, како и на суспендираниот Бастијан Швајнштајгер. Се очекува холандскиот тренер да му даде шанса од првата минута на Хрватот Ивица Олиќ, кој го постигна клучниот гол на првиот меч, но и асистираше на еден во саботата, што покажува дека неговата форма се движи по нагорна линија. Негови партнери во нападот, најверојатно, ќе бидат Марио Гомез и Франк Рибери.

"На вакви мечеви се покажува цврстината на тимот. Сега е потребно фудбалерите целосно да се сконцентираат и да одолеат на притисокот на Јунајтед. Направивме многу сезонава и мислам дека се уште имаме сили да го донесеме трофејот од Лигата на шампионите на Алианц арената. Тоа ќе биде фантастично за клубот и за неговите фанови", изјави претседателот на "Баварците" Ули Хенес.

Катастрофалната форма на Бордо ги подгреа надежите на Лион дека ќе успее да ја задржи предноста од првиот меч и за првпат во историјата да се најде во полуфиналето од ова натпреварување. Вклучувајќи го дуелот пред седум дена "жиродинците" го загубија финалето од домашниот Лига-куп, а во саботата му ја препуштија челната позиција на Лион откако беа поразени дома од Нанси. Сега фудбалерите имаат тешка задача да ја надополнат негативата од 3:1, но со оглед на тоа дека добро го познаваат противникот ќе сторат се за да продолжат понатаму. За разлика од нив Лион има добар ефект на гостувањата во последните пет години во Лигата на шампионите. Од 22 одиграни меча забележале 12 победи и пет порази. Тренерот Клод Пуел добро знае како е да се игра против француски противник во Европските купови. На чело на Лил во сезоната 2004/05 се сретнал со Оксер и успеал да го мине.

"Имаме одлична предност која не смееме да ја прокоцкаме. Ја играме најдобрата сезона во Лигата на шампионите и мора да ги вложиме сите сили за да стигнеме што подалеку. Она што посебно ме радува е инспирацијата и желбата за игра на фудбалерите, а со такви мисли можеме да отидеме и до завршницата. Треба само трпение и мудро да се бара патот до голот на Бордо. Сигурно нема да се браниме бидејќи Лион не е научен на таков начин на игра, а и фудбалерите не размислуваат за дефанзива туку посакуваат да постигнуваат погодоци", изјави Пуел.

КУРИОЗИТЕТ

Манчестер Јунајтед само еднаш успеал да мине во следната рунда откако по првиот меч имал негатива. Тоа се случило во четвртфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2006/07 против Рома. На Олимпико загубил со 2:1, но на Олд Трафорд забележал фантастичен триумф од 7:1, што всушност претставува најголема победа на Јунајтед во Лигата на шампионите. Кога се работи за нокаут-мечеви против германски тимови, "Црвените ѓаволи" забележале две победи и три порази, а интересно сите во последните три пресметки (од Баер Леверкузен 2002, Баерн 2001 и Борусија од Дортмунд во 1997 година).

ЈУБИЛЕЈ

Вечерва францускиот шампион Бордо ќе го одигра јубилејниот 50. натпревар во Лигата на шампионите. Тимот од југозападна Франција досега остварил 20 победи, 16 пати играл нерешено, а на 13 меча загубил и притоа постигнал 53, а примил 54 гола. Дебито во елитното натпреварување го направил во сезоната 1984/85 против Атлетик Билбао, а истата сезона стигнал до полуфиналето каде загубил од Јувентус со вкупен резултат од 3:2 (пораз во Торино од 3:0, победа дома од 2:0). Откако кормилото го презеде Лорен Блан во 2007 година тимот се издигна на едно повисоко ниво и сега по 25 години, доколку го мине Лион, ќе го направи најголемиот клупски успех во поново време.

ОВА МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ

-Фудбалерите на Бордо направиле 147 прекршоци сезонава, најмногу од сите четвртфиналисти, но заработиле само 12 жолти картони.

-Најдобриот фудбалер на Бордо Јоан Гуркуф вечерва ќе го одигра 25. натпревар во Лигата на шампионите.

-Играчот од средниот ред на Лион Жан Макун вечерва ќе го запише 50. меч во европските натпреварувања.

-Шпанскиот арбитар Алберто Ундиано Маљенко по еднаш им судел на Бордо и Лион. Притоа Бордо загубил, а Лион извојувал победа.

-Лион досега примил 96 гола во Лигата на шампионите (од групната фаза до финалето), а 195 во сите натпреварувања под капата на УЕФА.

-Бордо двапати од четири обиди минал во следната рунда во УЕФА натпреварувањата откако по првиот меч имал дефицит од два гола. Тоа се случило во сезоната 1995/96 против Милан (пораз на гости 2:0, победа дома од 3:0) и против Карл Зајц Јена во 1982/83 година (пораз на гости од 3:1, победа дома од 5:0).

-Фудбалерите на Манчестер сезонава биле "уловени" во офсајд 39 пати, најмногу од сите четвртфиналисти.

-Фудбалерите на Баерн извеле 68 корнери, најмногу од сите учесници во четврфиналето.

-Италијанскиот судија Никола Рицоли вечерва по вторпат ќе му суди на Манчестер Јунајтед, а првпат на Баерн.

-Баерн нема обезбедено полуфинале во ЛШ од 2001 година.

-Досега Баерн примил 146 гола во ЛШ (не вклучувајки ги квалификациите).

-Од 13 гостувања во Англија "Баварците" имаат две победи, седум нерешени и четири порази.

-Манчестер Јунајтед 10 пати се сретнал со германска екипа на Олд Трафорд и притоа остварил пет победи, три реми и два порази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...