УЕФА го чека извештајот од Џенова

Дисциплинска комисија при Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе одлучува за казните околу случувањата на натпреварот Италија - Србија по добивањето на официјалниот извештај од делегатот на мечот Давид Петриашвили. Грузискиот делегат подготвил сеопфатен извештај и по неговото поднесување во Куќата на фудбалот во Нион, според информациите во медиумите во Италија се очекува натпреварот да биде регистриран со службен резултат од 3:0 за италијанската репрезентација.

Таквата одлука се очекува УЕФА да ја донесе на првото следно заседание кое е закажано за 28 овој месец во Нион, Швајцарија.

Неизвесно е дали ќе и се дозволи на Србија да ги продолжи квалификациите, а со казна се соочува и Италијанската фудбалска федерација поради слаба организација.

Инаку натпреварот во Џенова меѓу Италија и Србија требаше да се игра во рамките од „Ц“ квалификациската група за Европското првенство 2012 година во Полска и Украина. Поради дивеењето на српските хулигани кои фрлаа разни предмети и пиротехнички средства во теренот, истиот беше прекинат во седмата минута кога судијата одлучи дека не е безбедно за играчите да се одигра под такви околности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...