Милан полн со оптимизам го напаѓа градскиот ривал Интер

Градот на модата во Италија, Милано викендов повторно ќе биде во центарот на фудбалското внимание, во исчекување на градското дерби меѓу Интер и Милан, во 26. коло на Серија А. Улогата на домаќин на утрешниот меч на „Џузепе Меаца“ ќе ја има Интер, што значи дека три четвртини од стадионот ќе биде обоен во сино-црна комбинацијата, додека само трибината позади едниот гол ќе биде за фановите на црвено-црниот дел од градот. Двете екипи се борат за третото место на табелата, последно кое води во квалификациите од Лигата на шампионите за следната сезона. Покрај миланските екипи, за третото место се борат и Лацио и Фиорентина, додека лидерот Јувентус е убедливо прв, а Наполи засега е сигурен на втората позиција.

„РОСОНЕРИТЕ“ СЕ ВО ЕУФОРИЈА

Двете екипи во различно расположение го очекуваат утрешниот меч. Играчите на Милан се во еуфорија, откако во средата пред своите навивачи помалку неочекувано со 2:0 славеа против фаворизираната Барселона во рамките од осмина-финалето на Лигата на шампиони. „Росонерите“ со таа победа само потврдија дека моментно се наоѓаат во одлична форма. Дополнителна тежина победата над Барселона добива бидејќи беше остварена без засилувањето од зимскиот период Марио Балотели, кој нема право за настап во елитното европско натпреварување. Одбраната на италијанскиот гигант беше на највисоко ниво, откако на најефикасниот тим во Европа не му дозволи да создаде речиси ниту една сериозна шанса за погодок.

„Доста беше славење. Сега треба да се фокусираме на дербито против Интер. Треба да продолжиме во исто темпо“, вели потпретседателот на клубот, Адријано Галијани.

Против Интер, Милан во составот ќе може да смета и на Балотели, кој досега во трите меча за „росонерите“ има постигнато четири погодоци. Тимот на тренерот Масимилијано Алегри е во одлична форма и во домашното првенство, бидејќи загуби само еднаш во последните 12 средби. Милан нема пораз во Серија А во 2013 година. Во 7 меча има 5 победи и две реми.

СТРАМАЧОНИ ПОД ПРИТИСОК ДЕКА МОРА ДА ПОБЕДИ

За разлика од Милан, расположението во таборот на Интер е сосема спротивно. Минатата недела Интер загуби убедливо со 1:4 на гостувањето кај Фиорентина, со што само ја продолжи серијата на лоши резултати во калчото. „Нераѕурите“ имаат само една победа во последните пет меча во првенството. Поради овие резултати се позачестени се шпекулациите дека тренерот Андреа Страмачони е под притисок дека мора да победи на утрешниот меч доколку сака да остане на клупата. Најавите се дека доколку Интер не победи, можно е Страмачони да добие отказ, а на негово место да биде ставен некогашниот играч Луис Фиго, кој досега нема никакво тренерско искуство.

Во отсуство на Диего Милито кој поради повреда ќе отсуства до крајот на сезоната, главната улога во нападот на домаќините треба да ја имаат Антонио Касано и Родриго Паласио. За разлика од првенството, Интер немаше проблеми во Лигата на Европа и во четвртокот убедливо со 3:0 победи на гости во Романија кај Клуж и се пласираше во осминафиналето



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...