Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни на вчерашниот натпревар против Лејчестер Сити беше „уловен“ од камерите кои вршеа пренос, како исфрустриран ги прекорува дефанзивните играчи по нападот на противничките играчи.
Видеото од Руни во 78-та минута и на резултат 3-3, стана „Vine“ видео кое подоцна беше објавено во англиските медиуми но и социјалните мрежи.
За жал, по ова Манчестер Јунајтед прими уште два гола, и до крајот на натпреварот загуби со резултат 3-5.
Погледнете.