Агуеро е најдобар стрелец според минутажа

Двата најголеми фаворити во трката за титулата во англиската Премиер-лига, екипите на Челзи и Манчестер сити, продолжуваат со победите. Шампионот Сити убедливо, со 4:1, славеше против Тотенхен во дуелот кој требаше да биде дерби на колото, додека Челзи не дозволи изненадување и на гости кај Кристал Палас ги освои трите бода.

РЕВИЈА ПЕНАЛИ

Аргентинскиот напаѓач во редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, имаше свое шоу во дуелот со кој стартуваше 8. коло. Голгетерот на „граѓаните“ ги постигна сите четири гола во триумфот над Тотенхем. Два од овие четири гола, Агуеро го даде од пенал. Интересно е што тој еднаш и утна од белата точка. Пенал имаше и за гостите од Лондон, но Солдадо утна. Речиси не се памти кога на еден дуел во Премиер-лигата биле досудени дури четири пенали. Тренерот на Манчестер, Мануел Пелегрини, беше задоволен.

„Секогаш е тешко на првиот меч по репрезентативните обврски. Игравме добро, дадовме четири гола и задоволен сум“, рече Пелегрини по дуелот, чиј тим и во минатата сезона двапати лесно победуваше против овој противник.

АРГЕНТИНЕЦОТ ЗАД СЕБЕ ГИ ОСТАВИ ЛЕГЕНТИТЕ, АНРИ, ВАН НИСТЕЛРОЈ...

Со четирите гола Агуеро се израмни по бројот на погодоци со Диего Коста на листата на стрелци во тековното првенство. Од играчите кои имаат комплетирано барем една цела сезона во Премиер-лигата, Агуеро е играчот со најмногу постигнати голови според минутите поминати на терен. Агуеро досега вкупно постигнал 61 погодок во Премиер-лигата, каде има одиграно 6.608 минути. Тоа значи дека досега дава по еден гол на секој 108 минути во англиското првенство. Тоа е најдобар просек на еден играч, откако во 1992 година е формирана Премиер-лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...